x

Копенхаген по седум години се раздели со тренерот кој се „тресеше“ и во Скопје

solbaken

Копенхаген објави дека после седум години соработка, се разделил со Стале Солбакен, тренерот кој што беше на клупата од 2013 година.

Данскиот тим се реши на ваков чекор поради слабите резултати, но и елиминацијата од Европа од Ријека. Исто така тимот ја загуби и титулата во минатото првенство, која ја освои Митдјиланд, што беше доволно за Норвежанецот да му биде кажано збогум.

Солбакен гостуваше и во Скопје, со Копенхаген против Вардар. Тогаш загуби со 1:0, и доколку не го добиеше реваншот, ќе беше сменет. Копенхаген имаше многу среќа во реваншот, победи 3:1 и го елиминираше Вардар од ЛШ, па Солбакен „преживеа“ на клупата.

Норвежанецот после тој натпревар беше „ладен“ кон медиумите и одговораше само со два збора на секое прашање од новинарите. Се гледаше кај него нервозата, ама тогаш се „извлече“, а подоцна ја освои и титулата.

Солбакен и во минатото беше дел од Копенхаген, односно од 2006 до 2011, потоа замина во Келн и Вулверхемптон, па се врати повторно во Копенхаген во 2013.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата