Копаоник е меѓу ски-дестинациите за кои пишува европскиот сајт „Emerging Europe“, наведувајќи дека има „летна“, односно вештачка патека која е најдолга во Европа, а ја истакнува и убавината на другите патеки кои се обрабени со дрвја.

Најголемиот масив во Србија е рангиран меѓу ски-центрите во развој, а споменатиот сајт го рангира на шестото место на списокот на ски-центри.

Скијачките одморалишта во Источна Европа претежно ги посетува населението во земјата во која се наоѓаат заради фактот што цената е поприфатлива, пишува на сајтот „Emerging Europe“.

Патеките се опишани како кратки, но забавни и без премногу сообраќај, пренесува Б92.

Истакната е достапноста на сместувањето и фактот дека снег има до крајот на март, а најголем недостаток е недостапноста на планината.

Подобро од Копаоник помина Банско во Бугарија, каде што позитивен е фактот дека е одличен за деца и негативно е што редот за жичницата може да биде многу долг.

Ски-центар Боровец е исто така наведен како лесно достапен, а голем недостаток на скијалиштето во подножјето на највисоката планина на Балканот е што не е доволен предизвик за професионалци.

извор: Makfax