На платото пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија вечерва во 21 часот концерт ќе одржи џез групата “Нигун” од Унгарија.

Членовиџ на бендот се Андраж Парницки-гитара, Петер Беде-саксофон, Петер Ајтаи-контрабас, Иштван Бало-тапани.

Настанот е во рамките на Скопско лето во организација на Дирекцијата за култура и уметност -Скопје, а во соработка со Амбасадата на Унгарија.