Најголемата македонска поп-ѕвезда Тоше Проески деновиве избира песни за својот нов албум, на кој ќе се најдат десет теми, и дуетот со Ања Рупел и “Овој свет”, снимена во соработка со УНИЦЕФ, како бонус нумери. На албумот ќе има и композиции што Тоше сам си ги направи (во сопственото студио на фотосот), но тука како композитори се и Миро Буљан, кој им ја направи дуетската песна со Тони Цетински, па Леонтина, Шпанците “Пампин долс”. Во текот на следниве недели “национале” и неговиата екипа ќе побараат песни и од авторите Григор Копров и Кире Костов, со кои ги имаше најголемите хитови во почетокот на својата кариера. Албумот треба да биде готов до почеток на јуни, а веќе на 24 јуни повторно сите негови обожаватели ќе се сретнат на Градски стадион, на големиот концерт на Тоше, придружен од голем Симфониски оркестар. Паралелно со македонскиот албум, ќе се снима и албум наменет за балканските простори. Нашата блескава ѕвезда на 24 април ќе биде специјален гостин на загрепскиот женски етносостав “Езерке”, а на 12 мај ќе настапува во Москва на големиот хепенинг по повод победата над фашизмот. На 14 мај ќе има голем концерт во Љубљана, а неколку дена подоцна и во Амстердам. По промоцијата на новиот албум Тоше ќе има концерт во Белград (каде што пред неколку години го наполни “Сава центарот”) и во другите српски градови. Фото: А.Ивановски