Концертот на Сакис на четври мај
На четври мај во Скопје, најверојатно во една од халите на Саем, концерт ќе одржи екстра популарниот грчки пејач Сакис Рувас, кој со евровизискиот хит од минатата година “Схаке ит”, стана миленик број еден кај европската поп-публика. Барем така велат најновите информации од Бојан Јовановски, кој минатата недела во Атина го случи договорот со менаџерите на ѕвездата. Сакис во Скопе доаѓа на трети, а ќе остане до петти мај, а каков тип на концерт ќе биде, наскоро ќе дознаеме. (Ва.Ѓ.)