Амира Медуњанин, Дарко Рундек и Жељко Бебек ќе настапат во август во Хераклеа, Битола.

Зад концертите стои „Авалон продукција“, од каде велат дека се потрудиле да ги исполнат желбите и на битолчаните да им овозможат барем неколку културни настани ова лето, а исто така и на изведувачите коишто ќе настапуваат во Охрид, да настапат и во Битола.

Публиката по следниот редослед ќе може да ги види следните артисти во следните денови: Амира Медуњанин – 8 август, почеток 21 часот, Дарко Рундек- 14 август, почеток 21 часот и Жељко Бебек- 22 август, почеток 21 часот

Во продажба ќе бидат пуштени само 600 влезници од концерт, и тоа веднаш од утре преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија, Avalon Music & Ticket Store и онлајн на avalon.mk, по цена од 600 денари по концерт. Носењето заштитни маски е задолжително за сите посетители и без нив нема да биде дозволен влез на концерт.

извор: Makfax