Предизвиците на соработката помеѓу граѓанскиот и бизнис секторот” е тема на конференцијата што денеска ќе се одржи во Скопје.

Конференцијата ја организира Стопанската комора на северо-западна Македонија во соработка со Фондацијата за развој на образование и култура АЛБИЗ.

На конференцијата е најавено присуство на Никола Бертолини, шеф за соработка на делегацијата на Европската Унија.