Конференцијата е дел од проектот „Управување со цврстиот отпад” насочен кон проценување и развивање модели за интегрирано управување со цврстиот отпад кои се еколошко ефикасни и економски прифатливи. Целта е да се намалат негативните еколошки и економски влијанија на лошото управување со цврстиот отпад, како и да се поддржат еколошкиот и социоекономскиот развој на прекуграничните рурални и крајбрежни области во земјите од ЈИЕ.

Во рамки на проектот, засновајќи се на развиена методологија и спроведената проценка на влијанијата, се развиени модели за интегрирано управување со цврст отпад во три пилот-региони (планини, речни корита и морско крајбрежје). Заедно со развиените механизми за подобрување и поддршка на системите за управување со отпад во локалните области, се создадени мерки и препораки за поддршка на примената на моделите.