Коорнавирусот ќе се врати на есен со нов бран. На неколку пати вака изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Но, инфектологот Вело Марковски вели дека никој не може да каже дали вирусот ќе се врати повторно на есен. Тој додава дека тие кои тврдат такво нешто треба да објаснат од каде о знаат тоа.

Тој вели дека вирусот може да се врати, но може да биде како и претходно или како изминативе години кога 10 или 30% од населението се заразува со коронавирус, но поминува како обична настинка. За тестовите за Ковид-19 Марковски вели дека се точни но дека не се соодветни за да покажат дали некој кој е болен е болен токму од овој вирус.

Реалниот број на заразени со коронавирус може да биде 10 пати поголем од официјалниот број, додава Марковски , бидејќи многу случаи поминуваат и без симптоми.

Инаку лекарите велат дека семејството коронавируси има три главни вируси како Сарс, Мерс и Ковид-19.