x

Конор за роденден доби подарок вреден 550.000 евра!

 

Пензионираниот УФЦ борец Конор МекГрегор вчера наполни 32 години. Го прослави роденденот со стил, и тоа на Аѕурниот брег во Франција, заедно со својата повеќегодишна пријателка Ди Девлин. И така, некои за родендени како подарок добиваат парфем или нешто симболично, Конор се пофали дека добил часовник вреден дури 550.000 евра. Само не кажа од кого му е подарокот, или пак можеби сам си го купил и си се почастил за 32-тиот роденден.

Инаку сега Ирецот е успешен бизнисмен, неговиот бизнис со вискито одлично му оди, но се чини дека нема да биде изненадување ако прифати понуда да се врати во “кафезот“ и да “одработи“ уште некоја борба – спектакл, на пример со Хабиб Нурмагомедов.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата