Конкурс на елегантност во Гевгелија
Во организација на АМСМ, во хотелот Фламинго во Гевгелија, ќе биде организиран балкански избор за убавина на возила што се сметаат за “олдтајмери”. Согласно со правилата на светската федерација ФИВА, возилата ќе бидат поделени во класи според својата старост, а во секоја класа ќе бидат прогласени по три најдобри.
Жирито ќе проверува детали како енетериер, мотор, шасија и комплетна форма, па согласно со правилата ќе доделува бодови. Дополнително, сите учесници ќе гласаат меѓу себе за еден трофеј како најдобар изложувач.
Се очекува да има 20 учесници од Македонија, многу гости од Грција и Бугарија, а свеченоста ќе ја збогатат пет манекенки облечени во костими од минатиот век, специјално подготвени за оваа пригода. Македонските учесници за време на овој собир ќе одржат иницијативен состанок за формирање федерација за возила кои се постари од 35 години, и кои согласно новите закони ќе бидат прогласен за историски и ќе имаат специјални регистерски таблички.