Градоначалникот Славчо Чадиев направи увид во градежните работи на улицата, каде работници од фирмата изведувач завршија со бетонирање на улицата која има околу 200 метри должина.

-Градежните зафати значат подобри услови за граѓаните кои живеат во овој дел на Велес. Реконструкцијата се изведува со средства од програмата за работа на Општина Велес, информира Чадиев.

Претходно на улицата „Стефан Димитров” беше заменета старата водоводна линија со нова.



Во текот на 2016 година Општина Велес изврши реконструкција односно асфалтирање и бетонирање на 23 улици од кои 18 во градот и пет во руралните населени места: Бузалково, Горно Оризари, Раштани, Иванковци и Сујаклари.

Во 2017, досега е започната целосна реконструкција на улиците во населените места Чалошево и Мамутчево, а реконструирани се и неколку улици во Велес.