x

КОНЕЧНО: Ѓурѓевиќ му донесе победа на Работнички…

gjurgevic

Конечно. По цели 79 дена Работнички победи, и тоа со 1:0 и тоа со Пелистер. Стрелец на победничкиот гол беше Фахрудин Ѓурѓевиќ и тоа пенал во 45.минута. Претходно топката во така во удри Илиевски и тоа за судијата Крумислав Ѓорѓиев беше удар за белата точка. Централниот напаѓач на „роматичарите“ беше сигурен пеналџија за големи три бода за својот тим.

Значи, ете, и Работнички знаел да победува.

НЕРВОЗНА ИГРА, МНОГУ БОРБА…

Инаку самиот натпревар беше се чини под просекот за нашата елитна лига. Сепак така е кога се игра за многу, за екстра важни бодови. Пелистер со ВД тренерот Димитар Капинковски дојде во Скопје, на Националната Арена “Тодор Проески“ да не загуиби по секоја цена, но остана само на посакувањата. Работнички на теренот беше подобар, посакуваше игра, имаше неколку акции кои “мирисаа“ на гол, но сепак и ова издание на стратегот Ратко Достаниќ е далеку од посакуваното. Од друга страна во овој момент најважни се трите бода со кои Работнички бега од битката за опстанок, оставајќи го Пелистер во каллта.

Кога сме кај шансите Ѓурѓевиќ мораше во 5.минута подобро да реагира, мораше да извлече повеќе од таа шанса. Пелистер се закануваше, имаше и неколку удари но одличниот Јанков секогаш беше на своето место.

Во финишот Стојкоски имаше два зицера за поубедлив триумф на Работнички, но не успеа да реализира барем еден.

На крајот радост за Работнички по точно 79 дена.

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 1:0 (1:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи:/. Судија: Крумислав Георгив (Штип). Стрелци: Ѓурѓевиќ (п) 45. (РАБ). Ж. Картони: Силјановски, Зука, Стојков, Петковски, Тошевски (РАБ), Фазлиу, Николовски, Илиески, Нето Алдаир, Борха (ПЕЛ).

Играч на натпреварот: Фахрудин Ѓурѓевиќ (РАБ).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Зука, Муарем (64. Петковски), Ѓурѓевиќ (84. Максимов), Тодоровски (71. Тошевски), Силјановски, Стојков, Пецов, Шаркоски (71. Стојкоски), Станковски (84. Јаник), Трајковиќ.

ПЕЛИСТЕР: Талески, Илиевски, Спиркоски (46. Пејаковиќ), Маневски (85. Исмаили), Борха, Кочоски, Николовски, Фазлиу (90. Наумовски), Драгарски, Игески, Нето (81. Бошковски).

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата