x

Конечно финиш со среќен крај за Струга ТЛ (ВИДЕО)

revija-struga

Струга ТЛ – Работнички 2:1 (1:1)
Стадион на Караорман во Струга.
Главен судија: Крумислав Ѓоргиев. Помошници: Караколев и Џонов, тројцата од Штип.
Делегат: Сашо Крстев од Неготино.
Стрелци: Османи 7’, Јахиа 87’ (С), Ѓурѓевиќ 21’ п. (Р)
Ж. Картони: Шабани, Цаке, Миленковски (С), Стојковски, Ѓурѓевиќ, Пецов, Тошевски (Р)

Играч на натпреварот: Бунјамин Шабани

СТРУГА Т.Л: Ѓуриќ, Цаке, Ристовски, Мециновиќ (Миленковски 46’), Шеји, Јахја, Шабани, Османи (Ајети 75’), Касами, Ар. Шабани (Таири 61’), Алтипармаковски (Скендери 83’).
РАБОТНИЧКИ: Лазаревски, Трајковиќ, Ѓорѓевиќ, Пецов, Силјановски, Јевтовски, Шаркоски, Стојковски (Муарем 81’), Станковски, Тодоровски (Тошевски 70’), Ѓурѓевиќ (Максимов 81’).

Абдул Јахја е херојот на Струга Трим Љум откако овој играч во 87 минута погоди за „црвените“ за 2:1 и за голема победа со која тимот од кај езерото останува во горниот дел на табелата. Тежок, неизвесен и исцрпувачки меч одиграа двата тима кои имаа рафален старт но потоа наметнаа фудбалско сивило кое не донесе никакви возбудувања.

Домашните уште во 7. Минута се радуваа. Убав потег на Флорент Османи кој на 17 метри прими топка, ја смири и од прва упати бомба по земја кон противничкиот гол која за „заринка“ во мрежата на Работнички. Целта беше остварена, тимот на тренерот Захариевски брзо даде гол. Но сета таа радост траеше само неколку минити. Старт на Мециновиќ врз Стојковски и пенал за гостите во 20 минута. Ѓурѓевиќ беше успешен од белата тошка и го израмни резултатот.

По овој гол на гостите почна тешката битка без ефект на средината од теренот. Грешеа и едните и другите. Како поминуваше времето така се очекуваше финиош со 1:1. Јалова инивцијатива и полушанси за Струга, Работнички добро се носеше на теренот но и се обиде преку брзи контри да стигне до победата и трите бода.

И по многу натпревари видени со фатален крај на теренот на Караорман конечно финиш кој донесе радост на „црвените“.
Се играше 87 минута кога Миленковски нафрла од левата страна, одбраната на гостите во длабок сон а топката среќно доаѓа до главата на Јахиа кој од 5-6 метри со глава бие кон голот а топката со помош на долниот дирек заврши во посакуваната цел – голот!

Со оваа победа Струга ТЛ се искачи на четвртата позиција од табелата што е огромен успех за овој тим за разлика од Работнички кој по 4 успешни дуели без пораз, сега повторно неуспева да остане непоразн и останува во долниот дел од табелата.

 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата