По долго пролонгирање, јубилејно 10. издание на СЕХА – Гаспром лигата стартува на 17 декември. Извршниот комитет на СЕХА Гаспром лига на 14 декември ја потврди претходно донесената одлука, дека во претстојната сезона 2020/21 сезона, ќе учествуваат 10 клубови.
- Еурофарм Пелистер (МКД)
- Мешков Брест (Блр)
- Металопластика (Срб)
- Мотор Запорожје (Укр)
- Нексе (Хрв)
- ППД Загреб (Хрв)
- Татран Прешов (Свк)
- Телеком Веспрем (Унг)
- Вардар 1961 (Дан)
- Војводина (Срб)
Екипите се поделени во две групи од по пет клуба. Системот ќе опфати и плеј оф, четвртфинале и Ф4 турнир. По спроведената анализа и поради настанатите случаи на глобална пандемија, заедно во корелација со европскиот календар, Извршниот комитет одлучи дека два клуба Телеком Веспрем и Мешков Брест ќе бидат директно вклучени во четвртфиналето и нема да играат во групната фаза.
Група А
ПДД Загреб (Хрв)
Металопластика (Срб)
Еурофарм Пелистер (Мкд)
Татран Прешов (Свк)
Телеком Веспрем (Унг)
Група Б
Вардар 1961 (Мкд)
Мотор Запорожје (Укр)
Нексе (Хрв)
Војводина (Срб)
Мешков Брест (Блр)
Првиот натпревар ќе се одигра во четврток , 17 декември, со почеток во 17:00 меѓу Нексe и Војводина. Вториот натпревар е закажан за понеделник, 21 декември, во 17:45 часот меѓу Еурофарм Пелистер и Металопластика.