x

Конечно „проработе“: Несторовски го постигна првиот гол за Удинезе (видео)

Илија Несторовски конечно проработе. Македонскиот интернационалец досега влегуваше од клупата и немаше многу шанси да се запише во листата на стрелци, а и му требаше извесен период на адаптација. Денеска на „Луиџи Ферарис“ му тргна и го постигна првенецот во дресот на Удинезе. Ја погоди мрежата на Сампдорија, а неговиот тим води.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата