Станија Добројевиќ, старлета и поранешен учесник во реални шоуа, реши да купи огромен дуплекс во Рума и го продаде станот во Нови Сад.

Имено, таа веќе го продала својот стан, а дел од парите ги вложила на дуплексот што моментално е во изградба во Рума, а сега ги потврди тие тврдења.

– Вистина е тоа што го слушнавте. Одлучив да го заменам помалиот стан со три пати поголем, ако не и четири пати поголем. Некако оној во кој живеев е премногу детски за мене. Боите се розови и ми здодеа, рече таа, додавајќи:

– Деновиве сум вон себе, целиот живот ми е во вреќи. Мислев дека мојот живот ќе биде во Америка, но поради коронавирусот и сè, тој повторно ме донесе во Србија. Конечно е време да се вдомам во поголем стан кој е моментално во изградба, истакна Добројевиќ, која ќе го започне животот со своето момче Марко Марковиќ во нејзиниот нов стан.