Надал во полуфиналето на мастерс турнирот во Мадрид го совлада Ѓоковиќ со 6:2, 6:4, а потоа го освои и турнирто во шпанската престолнина.

-Победата над Ѓоковиќ секогаш е основа дека сте во добра форма, но овој пат посбно бидејќи Рафа продолжи да доминира во мечот. Тоа е неверојатно важно. Го извлаковме проклетиот трн од неговото стапало, изјави Тони и додаде дека е среќен што Рафа конечно ја прекина серијата на порази од Новак.

-Мислам дека бевме многу близу до победа над Новак и минатата година во Рим (тогаш загубивме со 7:5, 7:6). Ни фалеше малку успех, но и вербата која конечноја стекнавме од почетокот на годината. Бавен ритам не доаѓаше во предвид, бидејќи во тој случај ќе го турневме Новак во дупка. Идејата беше при секој удар да се нападне противникот. Првиот сет беше многу напнат, но во вториот беше многу доминантен и победи.

Надал одигра одлично од почетокот на сезонава. Тој играше во финалето на Австралија опен, Индијан Велс и Мајами, а се закити со титиулите во Монте Карло, Барселона, Мадрид, на пат е да го особи Рим, а главен приоритет му е десеттата титула на Ролан Гарос.