Ете, се случи и тоа чудо, миленичката на милиони мажи на планетата Земја, поранешната тениска ѕвезда од Русија, Ана Курникова, официјално да се слика гола за еден магазин. Оваа “природна убавина” за читателите веќе е достапна во последниот, јунски број на американското списание “Џејн”, а корисниците на интернет-услугите, за да ѕирнат во електронското издание, ќе треба да уплатат и некоја паричка. Покрај Ана, која ја има привилегијата да биде и на насловната страница, уредниците ги обезбедија голите пози и на филмските актерки, Габриела Јунион и Мишел Филипс, како и на поп-пејачката Ванеса Карлтон. Карлтон веќе изјави дека сака да позира гола, а Филипс, исто така, рече дека сака да се види без многу крпчиња на себе. За “нашата” Ана, знаеме дека е мераклика за фотографирање без ролки, ѕиври и поткапи, така што и нејзината изјава по овој повод не би била нешто посебно интересна.