x

КОНЕЧНО: Бруно Фернандеш е нов фудбалер на Јунајтед

Откако стана јасно дека Манчестер Ј. и Спортинг (Л) постигнаа договор за сумата на обештетувањето, се чекаа само лекарските прегледи и потписот на Бруно Фернандеш за англискиот клуб. Денеска веќе се појавија и првите фотографии од доаѓањето на Фернандеш во клупските простории на Јунајтед и потпишувањето на договорот. Со тоа и официјално се става точка на трансфер сагата, која на крајот излезе дека е вредна 55 милиони евра, плус 25 милиони во вод на бонуси.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата