Републичката избирачка комисија на Црна Гора прексиноќа ги соопшти конечните резултати од парламентарните избори , според кои коалицијата “За европска Црна Гораè на премиерот Мило Ѓукановиќ доби апсолутно мнозинство во Парламентот. Коалицијата составена од Демократската партија на социјалистите и Социјалдемократската партија доби 41 од 81-то пратеничко место во Парламентот. Коалицијата “Српска листаè составена од Српската народна партија, Српската радикална партија, Демократската партија на единството и Народната социјалистичка партија освои 12 пратенички места. Коалицијата Социјалистичка народна партија – Народна партија – Демократска српска партија има 11 пратеници, исто како и новата политичка формација “Движење за промениè. Тројца претставници ќе ја претставуваат коалицијата меѓу Либералната партија и Бошњачката партија, а по еден пратеник имаат коалицијата на три албански партии.