Американскиот претседател Доналд Трамп, по поплаките на неколкумина демократски и републикански конгресмени од сојузната држава Илиноис, во врска со помилувањето на поранешниот гувернер на оваа држава, реши да не го скрати затворскиот рок а Род Благојевиќ.

Како што пренесува „Си-Ен-Ен“, според конгресмените, за време на своето гувернерство Благојевиќ направил сериозни криминални дела. Тие го повикаа Трамп да не го помилува „бидејќи тоа ќе прати погрешна порака до гласачите за корупцијата кај јавните функционери“.

Еден од најважните криминали на Благојевиќ беше обидот за продажба на сенатската фотеља на поранешниот претседател Барак Обама, откако тој замина од Сенатот и стана претседател. Друго криминално дело е заканата дека ќе блокира милиони долари за изградба на детска болница ако раководителот на тој проект не напише чек за негова кампања во висина од 25 илјади долари.

Благојевиќ одлежува 14-годишна затворска казна.

Трамп минатата недела за време на патување во претседателскиот авион изјави дека седум години затвор од 14 биле доволни за поранешниот гувернер.

извор: Makfax