Претседателот на изборната комисија на Демократската Република Конго ги повика на консултации кандидатите кои треба да учествуваат на претстојните претседателски избори во земјата откако се појавија гласини дека тие би можеле да бидат одложени.

Во средата, портпаролот предупреди дека изборите би можеле да се одложат доколку не бидат обезбедени сите гласачки материјали. Илјадници електронски гласачки машини беа уништени во пожар минатата недела.

Градоначалникот на Киншаса, кој припаѓа на владејачката коалиција воведе забрана за сите политички митинзи во главниот град, поради како што наведе безбедносни причини. Опозициските партии го осудија овој негов потег нарекувајќи го политичко мешање во изборниот процес.

извор: Makfax