Карактеристика за СДСМ станаа деструкцијата, вандализамот, уништувањето и теророт и казнувањето на сопствениот народ само затоа што не ги поддржува. Но многу брзо народот ќе дојде по своето. СДСМ треба да знае дека како се доближува денот кога народот ќе си дојде по своето така ќе се зголемува лудилото и вандализмот во СДСМ.

Но, како се зголемува тоа лудило и вандализам така ќе се зголемува и казната што народот ќе ја испорача кон нив, изјави вчера министерот за здравство и шеф на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, по насилните и немирни протести на СДСМ и соросоидите кои го уништија главниот град.

На последниот вандалски чин, т.н. Шарена револуција го уништи Министерството за правда. Демонстранти со камења ги искршија прозорците на оваа државна инсистуција и на крајот како круна на дивеењето го обоија и запалија факли.

Ако досега по фасадата се фрлаше со балони и детски пиштоли со боја, овој пат беа истурени стотици литри шаренило со помош на црево од “истренирани командоси” – т.е. платениците на Канвас и Сорос.

“Шарените” не запреа овде туку се упатија кон дополнително уништување и рушење на институциите и спомениците. Со боја го “торпедираа# Собранието. Врв на политичката фрустрација и безидејност на СДСМ, беше обидот за рушење на споменикот на Прометеј.

Ова не е прв пат “шарените”, под закрила и иницијатива на Заев, да го нарушуваат секојдевието на граѓаните и да ги уништуваат јавните добра. Мета на “шарените”, кои дивеат низ Скопје, но и низ неколку други градови низ Македонија, изминативе седмици беа и Владата, Портата Македонија, министерствата за правда и култура, Управата за јавни приходи, Агенциите за медиуми и за вработување, поголем број на споменици и обележја, плоштади, згради….

АВТОБУСИ ЗА “ШАРЕНИТЕ”: СДСМ го организира протестот кој премина во вандализам

Поради слабата поддршка кај граѓаните, опозицијата на протестот мораше со автобуси да носи луѓе од градовите од внатрешноста. Задачата да соберат што повеќе луѓе да дојдат во Скопје ја имале општинските организации на СДСМ за да се прикаже дека на протестот има што поголем број присутни. Дел од присутните што работат во општинските претпријатија кои се под контрола на опозицијата добиле и слободен ден, не морало да доаѓаат на работа.

Нема информации дали СДСМ на своите приврзаници од другите градови што останаа во Скопје до доцните вечерни часови им поделила и сендвичи.

СДСМ и организаторите се подготвувале за насилни протести

СДСМ ги организирало своите членови и симпатизери на протести во Скопје на кои било предвидено насилство.

Целата администрација што е под контрола на СДСМ, но и вработените во нивните фирми биле предмет на уцена за да се појават на протестот.

Под закана биле дури и вработените во Скопје, односно општина Центар кои во работно време биле ангажирани да делат пропагандни материјали за протестите и да повикуваат на поголема излезност.
Во пропагандниот материјал кој им се дели, членовите и активистите на СДСМ добиваат насоки како да пробијат полициски кордон и како и каде да се сокријат од полицијата.

Основната порака на протестите кои се одржаа е дека не постои друг орган на прогонот освен Специјалното јавно обвинителство, односно дека никој не смее да помисли да бара кривична одговорност од аболираниот Зоран Заев.

Трајановски: Барам да престанат да го тероризираат главниот град

Градоначалникот на градот Скопје, Коце Трајановски побара од “Шарената револуција” да престане со уништување на главниот град, по инцидентите во кои беше оштетена зградата на Министерството за правда, а истовремено имаше и обид за рушење на споменик во Жена-парк.
-Барам да престанат да го тероризираат главниот град. Барам да ги остават граѓаните на мир. Барам да не ги држат во заложништво граѓаните на градот Скопје. Исто барам да не доаѓаат со автобуси од други градови за да го уништуваат главниот град – порача Трајановски.

АНДОНОВ: Тешко е да се предвиди до каде ќе оди радикализацијата на СДСМ

Синоќа се случија едни од најрадикалните протести на опозицијата, но тешко е да се предвиди до каде може да оди таа радикализација предизвикана од страна на СДСМ, вели професорот Оливер Андонов.

Според него, ова беше врв на политичката фрустрација и безидејност на СДСМ, што резултира со обид за рушење на споменикот на Прометеј.

-Владата и полицијата се трпеливи на однесувањето на опозицијата. Очекувам органите да реагираат согласно законот и да има кривични пријави за организаторите на протестот за нарушување на јавниот ред и мир. Зошто Заев, како еден од организаторите, да биде исклучок. Ние, како ГДОМ, го најавивме собирот пред судот и доколку се случеше нешто, ние ќе бевме одговорни – вели Андонов за Телеграф.мк.

Граѓанското движење за одбрана за Македонија во понеделникот, но и пред откажувањето на изборите речиси секојдневно организираше собири низ цела Македонија и не се случи ниту еден инцидент.

Спротивно на тоа, на протестите на опозицијата редовно се случуваат инциденти. Се бојадисуваат споменици, се уништуваат министерства, државни објекти. Врвот на вандализмот се случи во понеделникот вечерта кога беше исфрлен нов арсенал боја врз Министерството за правда и се обидоа да го урнат споменикот на Прометеј во паркот “Жена-борец#.
Полицијата ги остави хулиганите на опозицијата да дивеат цела вечер, но кога веќе почнаа да се качуваат на скелињата на споменикот во обид да го срушат, ги разбрка демонстрантите.

Марјан од ЕБР е херојот полицаец кој на СДСМ и Шарените им покажа како се сака сопствениот народ

Марјан од ЕБР, медицинар од прва чета е човекот херој, припадник на македонската полиција, кој синоќа, несебично и хумано му помогна со преврска на едно од повредените лица кои се преставуваат како колеги на новинарите кои ги следат насилните протести на СДСМ и Сорос под капата на т.н. Шарена револуција, дознава Вечер.

Во целата тензична ситуација, овој херој, припадник на македонската полиција, му помогна и го преврза од повредите кои ги здобил во вандализмот на демонстрантите кои се обидуваа да го урнат споменикот на Прометеј во центарот на Скопје.

Па така, додека Сорос и СДСМ плаќаат и организираат насилни протести, македонската полиција застана на браникот на татковината и ги одбрани спомениците и државните објекти – колку што можеше – а да не предизвика судир меѓу народот што верјатно е и крајна цел на организаторите.
На сликата која ја споделија сите медиуми, се гледа како полицаецот Марјан му помага на Човек!