Организаторите на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година планираат хулиганите да ги запрат уште на влезот од спортските борилишта, а во таа прилика ќе се служат со напреден систем што ги препознава цртите на лицето.
Кинеското министерство за јавна безбедност го одобри користењето на копјутерски програм за препознавање на лица врз основа на сликата со специјална безбедносна камера.
“Оваа технологија значително ќе ни олесни да го спречиме влезот на оние кои се склони кон предизвикување на нереди”, вели функционерот на пекиншката полиција Лиу Сјуе-чао.
По едногодишно успешни тестирање, овој систем ќе биде инсталиран на капиите на спортските објекти и ќе се надгледуваат гледачите кои ќе влегуваат на стадионите, а ќе се издвојуваат оние кои претходно се регистрирани како хулигани. Компјутерскиот програм, што податоците за едно лице ги добива од повеќе камери во ист момент, само за една секунда може да пребара база на податоци за 2.560.000 лица.
Од “помош” на познатите изгредници нема да им биде ни промената на изгледот на фризурата, брадата или мустаките, бидејќи системот е проектиран лицата да ги препознава врз основа на бројни други фактори како на пример растѕојанието меѓу очите, структурата на коските и друго.