Потребно е (за 6 лица):
1 кг исчистена тиква,
15 дкг шеќер,
1 кесичка ванила,
1 помал лимон,
0,5 дцл десертно вино, 1,5 л вода.
Подготовка: Тиквата се сече на коцки со големина од 2 цм. Во водата се става шеќерот, ванилата, сокот од лимон и корка од половина лимон. Тиквата се става во студена вода и се вари додека не омекне. Се додава виното и се вади од огнот. Се служи топло или оладено во фрижидер.
Совет: Во студениот компот непосредно пред послужувањето можете да додадете и малку шампањ или некој овошен ликер.