Сретствата наменети за овој проект се добиени од европските ИПА фондови и Европската Комисија. Се реновираат билетарите, чекалните, санитарни јазли, кровна конструкција и фасадите. Водоводната и електричната инсталација се заменува со нова, а особено се внимава на условите за пристапност на лицата со попреченост.

До сега беа опфатени железничките станици во Велес, Градско, Демир Капија, Табановце, Прилеп, Неготино-Вардар и Скопје. За битолската железничка се чека мислење од комисијата за заштита на културното наследство, додека онаа во Гевгелија ќе се реконструира штом условите со бегалската криза се подобрат.