x

КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА: Шутираат повеќе од нас, но ние даваме повеќе голови

analitics-geo-mkd

На денот на историскиот натпревар за македонската фудбалска репрезентација за пласман на Европското првенство следната година, правиме компаративна анализа на настапите на Македонија и Грузија од септември, па досега, во Лигата на нации. Во очекување на дуелот, еве што велат бројките и статистиката од досегашните перформанси и на двете селекции:


Soccer Emoticon Во првите два УЕФА прозорци за новото издание на Лигата на нации и двете селекции одиграа по 4 меча. И Македонија и Грузија имаат по една победа и три ремија. Во рамките на оваа нова рунда од ова УЕФА репрезентативно натпреварување со Грузија веќе имаме два меча. И дома и на гости резултатот беше идентичен – 1:1. ?? ??

Soccer 2 Emoticon  Ниту еден репрезентативец на Грузија не беше стартер на сите четири меча во септемврискиот и октомврискиот циклус. Македонија има двајца репрезентативци кои сите дуели ги почнаа во првите 11 –  Стефан Ристовски и Езџан Алиоски. ?? ??

Time To Get Up Emoticon Дефанзивниот играч за врска на Грузија, Ника Квеквескири одигра најмногу минути за својата репрезентација на минатите четири меча – 279. Од нашите фудбалери Ристовски и Алиоски ги одиграа сите 360 минути. ?? ??

Soccer 4 Emoticon Младиот 19-годишен офанзивен играч на руски Рубин Казан, Хвича Кваратскелиа има најдобра просечна оценка од сите репрезентативци на Грузија од минатите 4 меча – 7,89. Кај нашата репрезентација највисока просечна оценка имаше Стефан Ристовски – 7,25. ?? ??

Goal Full Emoticon Само тројца фудбалери успеаја да постигнат гол на првите четири меча во ЛН за Грузија. По два гола имаа Окриашвили и Кахарава, а еден гол постигна и Кваратскелиа. За Македонија на првите четири меча од новиот циклус на ЛН имавме пет различни голгетери. Два гола постигна Алиоски, по еден Пандев, Несторовски, Зајков и Стефан Ристовски. ?? ??

Soccer Shoe Emoticon Грузија на четирите меча постигна само 5 гола, но имаше во просек по 12,5 упатени удари кон противничките голови. Македонија на 4 меча постигна 7 гола со просек од 9 упатени удари по меч кон противничките голмани. ?? ??

Soccer Emoticon За нијанса, Грузија имала и подобар посед на топка на минатите 4 меча, во просек 54,1% по меч. Македонија имала посед од 51%. ?? ??

Soccer Referee Emoticon Кога е во прашање дисциплината, на 4 меча Грузија доби 10 жолти, но ниту еден црвен картон. Ние на исто токму меча имаме 9 жолти и дури два црвени картони. Интересно, и двата ги добивме на мечевите со Грузија кои ги одигравме во Тбилиси и во Скопје. ?? ??

Star Gold Emoticon Кваратскелиа двапати беше прогласуван за „Играч на меч“ на минатите четири дуели на Грузија. Едно вакво признание има и Казаишвили. Од нашите репрезентативци титулата „Играч на меч“ ја заработија по еднаш Езџан Алиоски и Елиф Елмас. ?? ??

Soccer Ball Emoticon Најголем „потрошувач“ на топки во нападот на Грузија е Казиашвили. Тој во просек на минатите мечеви шутираше по 2,5 пати кон противничкиот гол. Во нашата репрезентација, процентуално најмногу удари кон противничкиот гол имаа Алиоски и Трајковски по 1,3. ?? ??

Soccer Roteiro Emoticon Грузија има подобри бројки и во играта „во воздух“. Имено, на минатите 4 меча Грузијците имаа во просек по 14,8 добиени „воздушни дуели“, додека нашите репрезентативци 12,8. ?? ??

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата