Програмери, продавачи, автомеханичари, бравараи, заварувачи, автолакери… се само дел од професиите кои што ги бараат од над 60 компании на отворениот Саем за вработување кој што почна во Скопје. На овој саем се срекаваат оние што нудат работа, работодавачите и оние што бараат работа,а резултатите од одржувањето на претходните два саемски циклуси со по осум саеми за вработување е над 79.000 посетители и 2.500 вработувања. Исто така невработените лица оставиле 21.190 биографии на 734 работодавци.

Третот циклус саеми за вработување го организира Агенцијата за вработување и ќе трае до 15-ти јуни годинава. Во овој циклус ќе бидат опфатени шест градови, а по Скопје, следуваат Штип на 26 мај, Кавадарци 30 мај, Битола 6 јуни, Тетово 8 јуни и Струмица на 13 јуни.

За министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими работодавачите од приватниот сектор на овие Саеми за вработување имаат можност да ја презентираат својата дејност и слободните работни места, со што, како што рече, стануваат поатрактивни за вработување, особено на малдите луѓе.

– Работодавците на саемот имаат можност да ја презентираат својата дејност, производи, услуги и сите други аспекти од нивното работење, како и да остварат контакти со голем број невработени лица. Од друга страна, невработените лица имаат можност да се запознаат со условите што ги нудат работодавците за вработување, како и за нивно вклучување во програмите за практикантство и обука. Исто така, постои можност да закажат интервју со работодавачите, да остават своја работна биографија и да добијат информации за побарувањата на пазарот на трудот-посочи Ибрахими на отворањето на сеамот

 

Во рамките на Саемите за вработување се организираат и Форуми со работодавачи и Инфо средби со младите лица. Министерот потсети и на останатите мерки и активности во насока на намалување на невработеноста и зголемување на можностите за вработување на невработените лица што. Според него токму тоа донесе до континуирано намалување на стапката на невработеност во земјава од 36 проценти во 2006 година, на 23.7 проценти.

– Намалувањето на невработеноста, односно падот на стапката на невработеност укажува на позитивните ефекти од реализацијата на политиките за вработување, насочени кон отворање нови работни места, позитивните ефектите кои ги даваат новокреираните работни места од страна на странските инвеститори, но и креираните работни места од страна на домашните компании, како и зголемената соработка меѓу странските и домашните компании која дополнително ја поттикнува потребата од нова работна сила – нагласи Ибрахими.

Тој потсети дека во периодот 2007-2016 година во активните програми и мерки за вработување што ги спроведува Владата и МТСП преку АВРМ учествувале повеќе од 102.000 невработени лица, а во моментов, како што информира, вработени се 43.000 од нив. Додаде дека особен акцент се става на вработувањето на младите лица, кои се дел и од проектите Македонија вработува 1 и 2.

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Мкаедонија Влатко Поповски истакна дека ова е трет циклус на вакви Саеми за вработување. Смета дека настани од ваков вид се многу корисни за младите да можат да се информирани кој видови на занимања се побарувани и така да го насочат своето образованиеие или пак да побараат можност за да се доквалификуваат.
На досегашните Саеми за вработување, како што информира, имало над 70 илјади посетители, биле доставени над 21 илјада работни биографии, а биле остварени и над 2.500 илјади директни вработувања.

(В.Ма.)