x

Комичен Вардар, Силекс не простува (ВИДЕО)

vardar-sileks-6

Лесна, убедлива и чиста победа на Силекс во дуелот со Вардар. Кратовци знаеја како да ја казнат младост на Вардарци, неискуството, и анемичноста, заспаноста. Уште од почетокот се знаеше дека ова ќе биде игра на „мачка и глушец“ откако доминацијата која ја наметнаа Кратовци, траеше од првиот до последниот свиреж.

Вардарци, пак, не можеа да сторат ништо. Упатија само еден директен удар кон голот на Божиновски, премалку за да се направи нешто повеќе.

Уште во 3. минута Драшковиќ погоди по центаршут од десно на Тимовски. Водство, но кратовци играа за 2:0, па Горгиев имаше шанса, но Илиќ со крајни напори одбрани. Вардарци, пак, стигнаа до голот на гостите само во финишот кога Колевски беше изблокиран.

Во вториот дел Силекс додаде „гас“ и тоа вроди со плод со голот на Ивановски во 52. минута. Од левата страна беше проигран од Мустафов, и ја спроведе топката во мрежата. Горгиев во 64. минута го потврди „распадот“ на Вардар, откако по одлична акција по средината на теренот, стрелаше во мрежата на Вардар.

Потоа „црвено-црните“ со една шанса преку Цветаноски, и одбрана на Божиновски, а во финишот Ѓуриќ исто така по нафрлување од левата страна, и заспаност во дефанзивата на Вардарци, користи и стрела во мрежата.

Мизерија на Вардар после победата над Академија Пандев, се враќаат Вардарци на поразите, додека за Силекс ова беше добра рехабилитација за поразот од Карабах во Лигата на шампионите, иако денеска против себе немаа рамноправен ривал.

 

ВАРДАР – СИЛЕКС          0:4 (0:1)

Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: /

Судија: Јосип Бартон.

Стрелци: Драшковиќ 3’, Ивановски 52’, Горгиев 64’, Ѓуриќ 88’

Ж. Картони: Цветаноски (В) –  Драшковиќ, Серафимовски, Спиркоски (С).

Играч на натпреварот: Пепи Горгиев.

ВАРДАР: Илиќ, Велкоски, Радуловиќ-Величковиќ, Стојановски (46’ Блажевски), Колевски (71’ Петковски), Наумчески (83’ Ѓурковски), Лазаревиќ, Велковски (79’ Петејчук), Најденов, Реџепи (46’ Цветаноски).

СИЛЕКС: Божиновски, Драшковиќ, Грозданоски, Ивановски, Горгиев (78’ Ѓуриќ), Серафимовски (70’ Спиркоски), Мутсафов (78’ Ф. Костовски), Ристов (55’ Жеравица), Тимовски, Нешовски (55’ К. Костовски), Карчески.

ГОЛОВИТЕ НИЗ ВИДЕА:

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата