Дали навистина Македонија има најниска цена на струјата како што се фали Заев! Заев ја пласираше информацијата во јавноста дека Македонија има најниска цена на струјата во регионот, па и Европа. Но, дали е тоа навистина така? Податоците кои ги анализиравме се официјални, од официјалната страна на EUROSTAT STATISTICS. Лагата на Заев се распадна како меур од сапуница, велат од Комисија за енергетика на ВМРО – ДПМНЕ.

-Од официјалната страна на EUROSTAT STATISTICS јасно се гледа дека пониска цена на струјата од Македонија имаат и Србија и Косово, како земји од регионот, додека анализирајќи јацела Европа, пониска цена на струјата за домаќинствата има и Украина. Оваа цена која се однесува на домаќинствата важи за првите семестри одсите три анализирани години 2017, 2018 и 2019 година, а тоа е баш периодот на владеење на СДСМ во Република Македонија. Посебно е важно дека ова се официјални податоци за цела Европа, а не како оние на Заев од „кујната“ на СДСМ, кои без срам се нарекуваат „шампиони“, прикажувајќи лажни бројки, пишуваат на Комисијата на Фејсбук.