“Комерцијална банка” ќе дозволи вложување странски капитал, само ако за тоа интересирање пројави некоја од 20-те топ-фирми во светот. Во спротивно во Банката може да влезе странски капитал, но не повеќе од 51 отсто, истакна вчера генералниот директор на “Комерцијална банка”, Драгољуб Арсовски. Тој потенцира дека “Комерцијална банка” веќе интензивно работи на добивање сопствен кредитен рејтинг, за што е во контакт со најреномираните светски компании кои работат во оваа област. – Се прават веќе контакти, но, најверојатно, рејтингот ќе го побарама од нова година кога ќе бидат сумирани резултатите од работењето на Банката за годинава. Ретко држава има полош рејтинг од банката, а дали “Комерцијална” ќе има поголем рејтинг од Македонија не знам, но очекуваме да ја добиеме барем онаа оценка што ја доби Македонија во својот прв кредитен рејтинг ББ+ од агенцијата “Стандард и Пјурс”. Очекувањата за вака високи оценки на Банката се темелат врз успешното работење на “Комерцијална”, која во моментов е најголема банка во земјава со биланс од 33,5 милијарди денари, а на прво место е и по бројот на жиросметки, надворешниот и внатрешениот платен промет. “Комерцијална” прва ги намали каматните стапки за правни лица на 9 отсто годиш но и во моментов депоненти на банката се 833 претпријатија. Од почетокот на годинава заклучно до крајот на минатиот месец пласманите за населението се зголемени за 800 милиони денари или вкупно кај населението во вид на кредити се пласирани две милијарди денари. Следејќи го успешното работење на Банката, нејзините акции на Берзата добиваат с&”238; поголема вредност. Па, така, од 1.387 денари за акција во 1999 година, лани тие достигнаа вредност од 1.800 денари, а годинава, поточ но минатиот месец – 2.835 денари за акција. Од вчера Банката воведе нов тип штедење наменет само за децата “Штеден влог- верверич ка” со кој секое дете кое ќе отвори штедна книшка во оваа банка ќе добие одредени повластици. Потврда за успешноста во работењето на “Комерцијална банка” е и наградата на британското реномирано списание “Банкер” за најдобра банка на годината, награда што “Комерцијална” ја добива третпат. “Посакувам оваа награда да биде поттик на македонската економија и да ја добијат и други банки. Сакаме конкуренција и тоа го чувствуваме од некои банки во земјава, зашто без конкуренција не би направиле ништо” вели Арсовски.