НЕ ПОСТОИ ЧОВЕК КОЈ НЕ ЗНАЕ ДЕКА СЛЕПОТО ЦРЕВО Е ЕДЕН ОРГАНСКИ АНАХРОНИЗАМ, КОЈ ОДАМНА, МНОГУ ОДАМНА СИ ЈА ОДИГРАЛ СВОЈАТА УЛОГА И СЕГА СЕДИ НЕПОТРЕБНО, ШТО СЕ ВЕЛИ – ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК И ПРОДОЛЖУВА ДА СИ ЖИВЕЕ САМО БЛАГОДАРЕЈЌИ НА ХУМАНОСТА НА ОРГАНИЗМОТ, КОЈ ГО ПОИ И ГО ХРАНИ, ИАКО СОВРШЕНО МУ Е ЈАСНО ДЕКА ОД НЕГО НЕМА ДА ИМА АМА БАШ НИКАКВА – ПОЛЗА! МЕЃУТОА, ОВОЈ БИВШ ОРГАН, ЧИЕШТО ПОСТОЕЊЕ НИКОЈ НЕ ГО ЧУВСТВУВА, Е ЕДНА ОПАСНА ТЕМПИРАНА БОМБА И ПОНЕКОГАШ ЗНАЕ ТАКА ДА СЕ ВОСПАЛИ, ШТО СЕ ЗАКНУВА ДА ГО УНИШТИ ЦЕЛИОТ ОРГАНИЗАМ! НОРМАЛНО, ТОГАШ ОРГАНИЗМОТ, ЗА ДА СЕ ЗАШТИТИ И ДА СЕ ОДБРАНИ СЕБЕСИ, СО ЕДНОСТАВНА, РУТИНСКА ОПЕРАЦИЈА, ГО ОТСТРАНУВА СЛЕПОТО ЦРЕВО! А, АКО, ПАК, СЛЕПОТО ЦРЕВО СЕ ВИКА – БАЛКАН, ГО ОТСТРАНУВА НАЈИТНО ШТО МОЖЕ, – УРГЕНТНО! И ТОА БЕЗ – АНЕСТЕЗИЈА!