Професорот го прашува:
– Колку се еден плус еден?
– Не знам.
Професорот се нервира и пак го прашува :
– А колку се два плус два?
Пак истиот одговор:
– Не знам.
Професорот збеснува:
– Знаеш ли ти воопшто нешто? Ајде, кажи ми барем кој ја открил Америка?
Ученикот повторно смирен молчи. Професорот веќе преизнервиран вика: – Кристофер КОЛУМБОООО!!!
Ученикот мртов ладен си оди на место.
Професорот му вика:
– Чекај полека, каде одиш?
– Па, прозвавте некој друг.