Утре ќе стапи на сила примената на мерката според која влезот во Србија ќе биде можен само со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа или, за граѓаните на Србија, задолжителен десетдневен карантин. По објавувањето на мерките, формирани се колони на граничните премини.

Според последните информации, тие чекале во Хоргош повеќе од пет часа за да влезат од Унгарија во Србија, пренесува РТС. Исто толку се чека на унгарскиот премин Решка.На граничниот премин Батровци колоната со возила е долга неколку километри.Чекањето за влез од Хрватска е околу шест часа, а во текот на ноќта граѓаните стоеле во колони и по осум часа.

извор: Makfax