Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ информира дека на граничните премини Богородица и Табановце, се забележува зголемена фреквенција на возила, каде времето на чекање е од 30 до 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

извор: Makfax