Во моментов веќе се знае колку треба да платиме за секое лице кое патува во некои од државите кои се најчеста дестинација. Колку ќе чини тестот на корона вирус кој мора да се плати за да се овозможи влез во одредени земји.

Патувањето оваа година, ако некој воопшто и се одлучи за тоа, ќе изгледа невообичаено, но и скапо. Прво, вашето осигурување нема да го покрие вашиот третман ако станете заразени со вирусот корона во друга земја, па дури и ако во меѓувреме измислат лек за тоа, ќе чини богатство. Второ, некои земји, вклучувајќи ги и оние од нашиот регион, веќе ги утврдија цените на тестовите за корона вирус.

Трето, можете да влезете во Србија или со претходно направен негативен тест за корона вирусот или ќе треба директно од границата 14 дена да ве стават во карантин. Кој сака да патува, ќе мора да плати. Ова се цените кои граѓаните на овие држави треба да ги платат за да добијат тестирање на корона вирус на лично барање за свои потреби и патување.

Србија – 6.000 РСД – околу 50 евра

За влез во Србија ќе биде неопходен негативен тест на корона вирус но, не постар од три дена.

Граѓаните од Србија кои ќе патуваат во странство во земји кои инсистираат на здравствен пасош, ќе можат да добијат тест за вирусот корона во Србија, кој ќе чини околу 6.000 динари, или 50 евра. Во Србија, поради патувањето, граѓаните ќе можат да направат тест за корона вирусот на нивно барање, а тоа ќе се направи во лабораторијата во Клиничкиот центар на Србија.

БИХ – 100 евра

Според податоците во локалните медиуми, потребно е да се контактира Институтот за јавно здравје за тестот. Самото тестирањето чини 200 КМ, или 100 евра.
Граѓаните негодуваат поради тоа и тврдат дека не им е јасно како воопшто се пресметала таа превисока цена.

Словенија – 20 евра

Точната цена сè уште не е утврдена, но првите проценки се дека тестот нема да биде поскап од 20 евра.

Црна Гора – „минимална“

Црна Гора е на пат да стане место на слободни дестинации, велат надлежните и, соодветно на тоа, ќе стори сé за да ги намали ефектите од кризата. Се проценува дека цената на тестот ќе биде “минимална“.

Хрватска – 200 евра

Локалните медиуми пишуваат дека овој тест ќе чини 200 евра во Универзитетскиот институт за јавно здравје, иако хрватскиот министер за здравство порано изјави дека тест за ковид – 19 ќе чини околу 100 евра.

Австрија – 190 евра

Засега е познато дека аеродромот во Виена ќе понуди коронавирусно тестирање со цел патниците да избегнат 14-дневна карантин, по цена од 190 евра.

Германија – 200 евра

Според Институтот Роберт Кох, пациентите со симптоми на грип, исто така, се тестираат за новиот коронавирус. Трошоците (приближно 200 евра) се на товар на здравствено осигурување во Германија, но само доколку тестот го препорачал лекар. За другите, кои сами ќе бараат тестирање редовна цена е 200 евра.

Грција – од 120 евра

Планот на службените лица таму е патниците да го направат тестирањето во земјата на потекло, а потоа да заминат во Грција без никакви грижи. Претходно, кога пандемијата беше во замав, се појави најава дека доброволниот тест ќе чини од 120 до дури 300 евра.

Сепак, грчкиот министер за туризам Харис Теохарис рече дека цената може да се спушти до 10 евра по лице подоцна во текот на летото.

Македонија се уште не утврдила цена за приватно барање за тестирање на корона вирус согласно стандардите на властите во земјите од регионот. Засега, во Систина и Жан Митрев клиниките цената е 20-25 евра.