Секој македонски граѓанин, од 0 до 99 години, потрошил во просек 100 евра во странство лани, веќе пресмета Народна банка на РМ, но странските државјани кои транзитираат или ја посетуваат земјата потрошиле, повеќе од оваа сума, барем на хартија.

Фактор веќе објави дека Македонци потрошиле во странство од картичките лани над 217 милиони евра, додека овој пат познато е дека странците тоа го направиле со сума од 322 милиони евра, иако прашање е колку од таа вредност ја потрошиле во Македонија.