Јавноста будно го следи секој чекор на шефовите на сите држави ширум светот, а често налетуваат на критики поради нивните високи месечни плати. Еве колкави се примањата на лидерите и високите функционери од државите низ светот.

Германската канцеларка, Ангела Меркел прима месечна плата од 27.794 евра, што е околу 333.528 евра годшно.

Од друга страна, францускиот претседател Емануел Макрон има нешто помала плата, и заработува 14.910 евра на месечно ниво, или околу 180.000 евра годишно

Претседателот на САД, Доналд Трамп има солидни примања, на месечно ниво од 33.000 долари, односно 345.000 евра годишно.

Најплатен шеф на една држава е Ли Хсијен Лунг, премиерот на Сингапур, кој заработува 1.4 милиони евра годишно.