Според научните истражувања, објавува порталот Harpersbazaar, постои совршена должина на одмор што има максимално корисен ефект врз вашето здравје и благосостојбa. Кога планирате одмор, една од главните точки за која што треба да размислите е колку долго ќе бидете на одмор. Дали одите на викенд, цела недела, или можеби подолго? 

Истражувачите на Универзитетот Радбуд во Нимегген, Холандија, се обиделе да ги испитаат ефектите и влијанието на должината на одмор врз здравјето и благосостојбата на човекот. Значи, што е, научно утврдено, идеална должина на одморот?

Научниците велат дека одморот треба да трае повеќе од осум дена. Сепак, постои интересна точка за нашите празници кои, за разлика од Европа, ги има често во годината. Еве зошто …

На студијата учествуваа 54 учесници, кои имале просечна возраст од 42,5 години и сите биле вработени. Ова истражување се фокусирало на последиците од подолг одмор, кој се движи од 15 до 34 дена отсуство од работа, со просек од 23 дена. Научниците ги разгледале психолошките процеси поврзани со долгото заминување од работа, долгиот одмор, и како учесниците на експериментот се чувствувале во однос на своето здравје за време, и по паузата.

Учесниците го оцениле своето здравје и благосостојба врз основа на шест фактори: здравје, замор, задоволство, расположение, тензии и нивоа на енергија, тестирани три или четири пати, пет или четири пати на ден.

Резултати:

Во експериментот, било откриено дека благосостојбата се зголемува брзо во текот на паузата во полза на подобрување на здравјето и дека кулминација, врв на здравстевиот ефект од одморот се случува по одмор од осум дена. Меѓутоа, ефектот бил кус – во рок од една недела од враќањето на работа здравјето и благосостојбата се вратиле на нивното првобитно ниво.

Според авторите на студијата, одморот подолг од 8 дена има битен ефект врз подобрување на здравјето, енергијата и благосостојбата на вработените но, ефекто е краток, и трае речиси колку и времето поминато на самиот одмор. Затоа, препорачуваат тие, подбро е почесто користење одмор и неработни денови за празници при што ефектот низ годината е поголем отколку да се замине на еден долг одмор од, да речеме 20-тина дена. Македонија, како држава со многу празници и неработни денови во годината, предвреме го послушала овој совет.