На прекрасната колумбиска пејачка Шакира и припадна честа да настапи на церемонијата на затворањето на Светското фудбалско првенство во Германија. Шакира ќе има десетминутно музичко шоу пред финалниот натпревар, што ќе се одигра на 9 јули на Олимпискиот стадион во Берлин.
Колумбијката ќе ја отпее песната ‘Hips don’t lie’ (Колковите не лажат) од нејзиниот последен албум ‘Oral Fixation vol. 2’, а во нејзиниот настап ќе и асистира хип-хоп пејачот Виклиф Жан.
“За жал репрезентацијата на Колумбија не се пласира на завршницата на Мундијалот, па во Германија нема да имам за кого да навивам”, изјави Шакира. Сепак, одлуката на организаторот на СП ќе наиде на задоволство кај голем број љубители на фудбалот и музиката, а веруваме сите ќе навиваат за оваа светска ѕвезда, која плени не само со гласот, туку и со стасот. Ова не е прв пат на церемонијата на отворањето или затворањето на светските првенства да настапат големи музички ѕвезди. На претходните мундијали, свое шоу имаа Ерос Рамацоти, Џенифер Лопез, Рики Мартин, Јусун Дур, Анастасија и други.