x

Колкав е ризикот фудбалерите да се заразат на терен?

Впечатокот од последните неколку дена е дека пандемијата коронавирус полека слабее во Европа, но процесот на опоравување е исто така бавен. Никој не може да каже точно кога ќе можеме целосно да опуштиме и без грижа да се движиме.

Некои лиги како што е Бундес продолжението на сезоната го најавија за месец мај. Токму по оваа информација дојдоа уште поубави вест од Министерството за здравје во Данска. Во соработка со тамошната фудбалска федерација спроведоа истражување околу ризикот за пренесување на „Ковид-19“ на терен за време на натпреварите, доколку еден од играчите е заразен со вирусот.

Резултатите се охрабрувачки.

Во кратки црти, фудбалерите би биле во близина на заразениот играч во просек од една минута по мечот. Овој резултат е добиен откако била направена анализа на движењата на фудбалерите во последните 14. коло во данскиот шампионат.

„Тоа време не е критично, особено ако се земе во предвид дека фудбалските натпревари се играат на отворено. Би било загрижувачки за рагбито или американскиот фудбал, каде има многу повеќе контакти на теренот“, објасни Алан Томсен, професор на Институтот за имунологија и микробиологија во Копенхаген.

Според него ризикот за зараза е мал, па кон крајот на мај може да очекуваат продолжение на сезоната.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата