Доскорешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, наскоро ќе отпатува во САД за да ја посети ќерката која студира на Харвард, а постои можност да има и разговори во врска со нејзината идна кариера, пишува риечки „Нови лист“.

Колинда Грабар Китаровиќ, откако ѝ заврши претседателскиот мандат, ја активираше опцијата врз основа на која половина година има право на плата од 24.000 куни, односно околу 3.200 евра, а потоа половината од таа сума во следните шест месеци.

Грабар Китаровиќ рече дека досега добила многу понуди за работа, а „Нови лист“ наведува дека едната од нив е од американскиот институт „Брукингс“, којашто поранешната хрватска претседателка не ја прифатила.

Како што наведува овој медиум, во прашање била многу конкретна понуда со дефинирани годишни примања. Институтот „Брукингс“ е еден од најпознатите либерални тинк-тенкови и негов претседател е пензионираниот генерал Џон Ален, кој ја посети Колинда во 2015 година како пратеник на американскиот претседател, а во 2018 година таа гостуваше во неговиот институт.

„Нови лист“ наведува, повикувајќи се на извори блиски до Колинда, дека таа има и две сериозни понуди за предавања на странски универзитето на тема меѓународни односи.

извор: Makfax