Сите многу се изненадија кога најпознатите трговски центри ја повлекоа нејзината нова колекција “Love Kylie” од своите продавници, но трговците се бранат со законот на понуда и побарувачка.
Кога беше објавена веста дека Кајли е болна и престанува да пее, интересот за нејзината долна облека нагло порасна, но веста за оздравувањето и враќањето на сцена делуваше обратно. Нејзините производи почнаа да се продаваат многу слабо, по што се тргнати од продавниците.
Во Австралија слабо се продаваат и картите за нејзините повратнички концерти кои треба да се одржат кон крајот на годината, но може да се очекува пејачката со новите хитови и честото појавување во списанијата повторно да ги привлече своите стари бројни обожаватели.