Состојки:
половина тиква (околу кило)
1/2 литар млеко
150 гр шеќер
100 гр ориз
3 суп. лаж. масло
2 суп. лаж. шеќер во прав
1 пакетче ванила
1 ч л цимет во прав

Подготовка:
Исчистете, излупете и исечете ја на средни коцки тиквата. Земете млеко на собна температура. Додајте го шеќерот, до топење. Додаде и ванила.

Во намачкана со масло тава наредете половина коцки тиква, додадете го оризот и на него наредете ги останатите коцки. Истурете со млекото и одозгора ставете парченца путер. Ставете да се пече на умерена рерна до црвенило. Кога ќе се излади – посипете со шеќер во прав и со цимет по вкус.