Засега се уште не е позната неговата здравствена состојба, како ни причините за колобирањето. Еден од сведоците на настанот изјавил дека 68-годишниот пејач само се струполил во текот на изведувањето бис.

– Падна. Само падна. Можеше да слушнете само удар на микрофонот, ијзави тој.

Многу фанови во почетокот мислеле дека станува збор за дел од настапот.

Мит Лоф е освојувач на голем број награди, а најпознат е по трилогоијата на албумот „Bat of Hell”. Во последно време тој често одложуваше концертите поради болест.

Збунети и шокирани фановите на Твитер искажаа загриженост и му дадоа поддршка на пејачот и членовите на неговата група.

Ова не е прв ваков случај. Пејачот веќе еднаш колабираше во 2003 година во текот на настап во Лондон, а причината беше замор предизвикан од вирус.