x

Кокорин ја има најчудната клаузула во договорот: Или 10 гола или нема плата!

kokorin

Напаѓачот на Спартак, Александар Кокорин, има една од најчудните клаузули во договорот со својот сегашен клуб. Според руски извори, Кокорин кој оваа сезона заигра за московскиот гигант,  ќе мора да врати дел од својата плата во клубот доколку постигне помалку од 10 гола во тековната сезона.

Поранешниот фудбалер на Зенит, откако доживеа вознемирувачки моменти во својата кариера поради настани надвор од теренот, а помина едно време и во затвор, добил специфична клаузула во тригодишниот договор со Спартак. Оваа сезона во руската Премиер лига, Кокорин влезе на теренот 10 пати и постигна 2 гола. Минатата недела стана познато дека тој е повреден и ќе мора да паузира најмалку две недели.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата