Истражувањето ги опфатило студентите ширум светот, вклучувајќи ги и САД, Канада, Бразил, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Русија, Јапонија, Кина, Индија и Австралија.

Се чини дека најмногу шанси за развој и остварување на кариера гледаат во големите мултинационални компании и тоа, во најголоем број во секторот финансии.

Никого не го изненадил фактот дека Google го зазема високото прво место на престижната скала.

Успешните компании како што е PwC, EY, Goldman Sachs и KPMG исто така се најдоа меѓу првите пет најпосакувани комапнии.

1. Google – мултинационална корпорација специјализирана за мрежни услуги и производи.

2. PwC – услуги од сметководственото, даночното и деловното советување.

3. EY – една од водечките светски компании во секторот на осигурувањето, даноците, трансакциите и советувањето.

4. Goldman Sachs – мултинационална компанија која се бави со инвестициско банкарство и разни финансиски услуги.

5. KPMG – една од најуспешните светски компании, најпозната по свето делување во секторите на ревизијата, даноците и советувањето.

6. Deloitte – една од водечките компании за давање услуги во ревизијата, управувањето со ризици, даноци, деловно и финансиско советување.

7. Apple – американска компјутерска компанија.

8. Microsoft – американска софтверска компанија.

9. J.P. Morgan – финансиски сектор.

10. Procter & Gamble – компанија која произвeдува повеќе од 250 стокови марки, за повеќе од пет милијарди потрошувачи во 180 држави во светот..

11. L’Oreal Group – светски лидер во козметичката индустрија.

12. McKinsey & Company – советодавна компанија за разни сектори.

13. The Boston Consulting Group – водечка светска компанија која се бави со советување и развој на деловни стратегии.

14. Morgan Stanley – компанија специјализирана за инвестиционо управување со имот, инвестициско банкарство и сл.

15. BMW Group- германски производител на авотмобили, моторцикли и велосипеди.