Голем љубител на убави жени: Франческо Коза Центархалфот и актуелниот капитен на фудбалскиот клуб Сиена, 31-годишниот Франческо Коза, секако не може да се пофали со некоја спектакуларна кариера, но факт е дека игра стандардно добро и дека е почитуван во својата средина. Од друга страна, меѓу колегите во Калчото, тој важи за заводник на нивото на Бобо Виери и Франческо Тоти, односно како голем љубител на убавите жени. Но, неговата “кариера” надвор од терените, се чини, ќе заврши на 28 јуни годинава, бидејќи објави дека на тој ден ќе се жени со Наталија Назаро, официјалната Мис на Италија за 1999 година. Таа во моментов се занимава со фотомоделство и манекенство, а студира драмски науки. – Како модел, јас веќе се докажав и направив убава кариера, облекувајќи илјадници модели на различна облека. Но, ништо не може да се спореди со венчалниот фустан, кој со нетрпение очекувам да го облечам на 28 јуни. Со Франческо сонуваме да имаме големо семејство, изјави популарната убавица, која во Италија е позната и по прекарот “Манила”.