Ако припаѓате на оние потрендовски мажи, овие месеци се создадени само за вас. Време е да се насладите на вашите кожени панталони. Со оглед на надворешните температури ќе уживате носејќи ги. Тие се секогаш во тренд. Кожените панталони најмногу ги носат моторџиите. Одговараат на висок маж со цврста мускулатура на нозете. Подебелите мажи тука се “дискриминирани” затоа што ваков вид панталони не се најсреќен избор за нив. Црните кожени панталони се носат исклучиво со кожена јакна, никако со џинс. И со некое интересно боди под јакната. Многу се квалитетни и потрајни. Ако не варирате со килажата можете да ги носите многу, многу години.